Достапни линкови

Штрајкови и протести


Протести
Протести

Млекарите веќе неколку месеци ги бараат парите од Сведмилк. Протестираат бранителите и стечајците. Според аналитичарите, протестите не се политички мотивирани.

Штрајкови и протести го обележуваат предизборниот период. Фармерите, веќе неколку месеци со протести и со блокади на патиштата си ги бараат парите што им ги должи млекарницата Сведмилк. Протестираат и бранителите и стечајците.
Владата вели дека најранливите категории граѓани се злоупотребуваат за политички маркетинг, додека дел од аналитичарите сметаат
Се случува во неколку наврати, не се исплаќаат пари за млекарите, стечајците се незадоволни. Не ми се верува дека има политичка заднина. Кај млекарите е нож под грло, имаат големи штети
дека протестите случајно се совпаѓаат со предизборието.

Професор Димитар Мирчев смета дека овие протести нема битно да влијаат на изборите. Мирчев не верува дека протестите се политички мотивирани.

„Се случува во неколку наврати, не се исплаќаат пари за млекарите, стечајците се незадоволни. Не ми се верува дека има политичка заднина. Кај млекарите е нож под грло, имаат големи штети, се распродава сточниот фонд.“

Од друга страна, државниот секретар за труд и социјала Душко Миновски смета дека некој ги манипулира најранливите категории за да собере политички поени. Миновски вели дека работат на решавање на овие проблеми, но не верува дека нешто битно ќе се промени во предизборниот период, зашто тие работат по претходно утврден буџет.

„Во овие десетина дена не знам дали ќе може соодветно да се реагира. Ако е нешто толку приоритетно, сигурен сум да, но ова се ситуации кои се препознаваат од порано, и се прави стратегија како да се реагира. Ние како влада сме покажувале огромна подготвеност и разбирање за проблемите на сите граѓани, но знаете имате одредени приоритети, се работи за буџет кој е проектиран.“

Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека не може во ист кош да се стават сите групи граѓани што протестираат. Тој вели дека барањата треба да се исполнуваат во зависност од нивната оправданост, а не во зависност од тоа дали се избори. Божиновски вели дека проблемот на млекопроизводителите не е предизборен, затоа што тие си ги бараат парите неколку месеци наназад.

„Нормално дека сакаат да го искористат предизборите, бидејќи сметаат дека многу повеќе ќе има влијание протестот и мислат дека пред избори полесно би добиле дел од парите.“

Фармерите побаруваат три и пол милиони евра за предаденото и неплатено млеко во последните 7 месеци. Здружението достоинство бара закон за згрижување на бранителите од конфликтот во 2001 година, а стечајците што не беа опфатени со минатогодишниот закон, бараат законот за стечајци да важи и за нив.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG